Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница ја обвини Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека нема нови мерки и програми во земјоделството, дека тие не се објавуваат навреме, како и оти нема нити еден реформски закон од оваа област.
Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку ова е констатација низ бројките кои што ги наследивме според сите статистики кои што говорат за вашето владеење, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при одговарање на пратеничкото прашање на Љупчо Николовски.