Во денешниот говор на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, порача да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите.
Примерот за промени мора да го дадеме ние.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, меѓудругото во своето обраќање на годишната 20 по ред Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на договорот со Обединето Кралство за кој како што рече е договор за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области кои се од клучно значење за државата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.