На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизации“, застапуван од д-р Иванов.
Целта на меморандумот е унапредување и збогатување на соработката во доменот на јавната дипломатија, развојот на културната дипломатија и афирмацијата на македонската култура и идентитет во странство, како и во други области од заемен интерес. Alfa
Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе му дава совети и ќе му помага на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во областа на афирмација на културната дипломатија и афирмација на македонскиот идентитет во странство. Libertas
Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија започна Форумот за културна дипломатија 2025, насловен „Одржлив развој и културна дипломатија – Поттикнување на глобални партнерства“, кои ќе денес и утре.
Форумот, со свое свечено обраќање го отворија: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, поранешниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, директорот на Институтот за културна дипломатија - Берлин, Марк Донфрид и Претседателот на Извршниот одбор на Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“, Иван Иванов. Skopjeinfo