Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани, кој не доби поддршка во Собранието од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, беше закон за задоволување на реалните потреби на семејствата погодени од трагедијата, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Бихаќка инсинуираше криминално потекло на финансиите на Обединетото Кралство и на функционирањето на Комонвелтот (каде доброволно членуваат 54 независни држави со вкупно 1.921.974.000 луѓе). Веста од рубриката „верувале или не“ доаѓа како резултат на паниката во нивните редови, кога очигледно соочени со нов успех на Владата на премиерот Мицкоски, СДСМ во паника почнува да манипулира, да шири дезинформации и лажни вести, протнувајќи т.н. „бубачки“, непроверени инсинуации и информации.