Според Божиновска, Копман бил пријатно изненаден од досега сработеното од наша страна, а посебно изразил задоволство од финализирањето на тендерот за интерконекторот со Грција, како и од објавениот тендер за поврзување со Албанија.
Копман го поздравил досегашниот напредок на земјава, за што како доказ го ја посочил исплатата на средства за предфинансирање во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан, нагласувајќи при тоа дека е свесен за многуте обврски што ни претстојат во реализацијата на плановите од Реформската агенда. Libertas