Сите 242 патници од авионот на „Ер Индија“ што се урна денес во западна Индија загинаа, објави локалниот весник „Индијан експрес“, повикувајќи се на полицијата.
Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми.
фото: ЕПА При падот на патничкиот авион Боинг 787-8 на „Ер Индија“, кој сообраќаше од Ахмедабад за Лондон, загинаа најмалку 133 луѓе.
Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција.