Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
47.99
23.47
0.56/1.14
6.00
3.33
0.55
641.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 146.2
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 146.2
02:21 h 11-Jun-2025
  • МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата очекувам да бидат санкционирани и соодветно казнети, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.-Се надевам дека тековно ги завршува своите обврски и дека најголемиот дел од граѓаните со исклучок на малкумина кои што беа предмет на вчерашната акција, ги плаќаат своите обврски кон државата.
  • ◉ Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети
02:35 h 10-Jun-2025
  • МВР попладнево соопшти дека поднело кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), од Струмица за „злосторничко здружување“, за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“ против дваесет други лица и 15 правни лица.
  • МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, меѓу нив и Крмзов, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра
Lider

Но, МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и таквите граѓани кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети, рече Мицкоски на новинарско прашање за коментар во врска со функционирањето на УЈП во Струмица после приведувањето на неколкумина инспектори осомничени за „несовесно работење во службата“.Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваа на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје.

МВР вчера соопшти дека поднело кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, дека предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра, а се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, против Г.Т.(48), Д.М.(60), П.К.(67), В.К.(26), K.С.(41), К.М.(40), Н.Ф.(43), М.К.(48), М.М.(68), Е.Т.(61) и З.М.(59), сите од Струмица, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночна измама“, против С.П.(58), С.М.(58), Л.К.(52), Л.Б.(37), С.Т.(66), М.П.(60), Ј.Т.(44), А.К.(35) и Ј.Г.(66), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 15 правни лица од Струмица за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, наведоа од МВР. Lider