Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници.
Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството за образование и наука (МОН) и истите ќе бидат заменети со нови пред почетокот на новата учебна година.
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со порака да го искористат летниот распуст за одмор, игра, читање и развивање нови вештини.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на Тетово изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете и оти дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања што постојат на релации министерство-општини-училишта.