Помина веќе една недела како ги покренавме прашањата за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е 100% сопственост на Венко Филипче, и е на иста адреса со фирмите на Заеви, за три пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, со компанијата „Зобек мининг груп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање денес на настан на Машинскиот факултет во Скопје.
За работниците направивме најмногу, мора да знаат дека со социјалдемократијата нивните права и стандард ќе растат.
Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.