За многу наши сограѓани – особено младите – дигиталните платформи овозможуваат влез на пазарот на трудот, честопати давајќи заработка каде што класичните работни места може да бидат оскудни.
„Студенти, фриленсери, возачи за достава, креатори на содржини – сите тие стануваат дел од оваа нова дигитална работна сила“, изјави министерот за економија, Бесар Дурмиши во неговото денешно обраќање на 113-тата сесија на Меѓународната конференција за труд во Женева, организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Дурмиши ја подвлече важноста на темата за достоинствена работа во контекст на платфорската економија, потенцирајќи дека ова прашање станува сѐ поприсутно поради брзата дигитална преобразба на пазарот на трудот. Biznisvesti
За многу од нашите граѓани – особено младите – дигиталните платформи нудат влез на пазарот на трудот, честопати обезбедувајќи приход таму каде што традиционалните работни места може да бидат ретки.
Студенти, фриленсери, возачи на достава, креатори на содржини – сите тие стануваат дел од оваа нова дигитална работна сила“, порача министерот, додавајќи дека во Македонија платформската економија веќе нуди можности за вклучување на младите и ранливите групи во пазарот на трудот. Republika
Министерство за економија и труд Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во Женева оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), г-динот Жилбер Хоунгбо, на која се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Македонија и МОТ. Kurir
Министерот за економија Бесар Дурмиши, во име на Владата на Република Северна Македонија, се обрати на 113-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Во своето обраќање, министерот Дурмиши ја истакна значајноста на темата за пристојна работа во рамките на платформската економија, нагласувајќи дека ова прашање станува сè поактуелно со оглед на брзата дигитална трансформација на пазарот на трудот. Press24