И од Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица, во кој пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.
Поддршка за отворање на широк дијалог околу измените на Изборниот законик за една изборна единица дадоа и Партијата за движење на Турците (ТПХ) и Демократска обнова на Македонија (ДОМ). -Потребна е сеопфатна, инклузивна и транспарентна реформа, која ќе ја гарантира рамноправноста на сите граѓани – без разлика на бројноста на заедницата од која доаѓаат. Kanal5
Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието. Press24