„Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи. Republika
Ваквата реформска агенда на која сме силно посветени е клучна во градењето отпорно општество и забрзаната интеграција во ЕУ“.
Ова беше клучната порака од обраќањето на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на втората конференција на високо ниво на генералните директори на Царинските управи на Западен Балкан и земјите членки на ЕУ одржан во Тирана насловен „Партнерство на Царинските управи за Поврзана Европа – Зајакнување на царинската соработка за подобра поврзаност“. Agrotim
Во рамки на конференцијата беше усвоена и заедничка изјава со која царинските управи ќе се залагаат за зајакнување на царинското партнерство.
Конференцијата е во организација на Царинската управа на Албанија, како домаќини на настанот, заедно со Царинската агенција на Италија, СЕFТА секретаријатот, Проектот SEED + и Транспортната заедница. Agrotim
Паралелно со силна поддршка на ЕУ, и други меѓународни партнери меѓу кои Република Кореја и Светска банка, Царинската управа, посветено работи на имплементација на проекти во вкупна вредност од 24,4 милиони евра.
Целта како што рече е создавање целосно дигитално царинско работење во секој сегмент со цел олеснување на трговијата и намалување на времето на чекање на граничните премини како и поголема сигурност на стоките што влегуваат и излегуваат од државата. Agrotim