Тие добиваат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на одржливи згради и инфраструктура, индустрија 4.0 и паметна специјализација.
За да се запознаат научниците и истражувачите со условите и начинот на кој можат да добијат поддршка од JRC, денеска на Машинскиот факултет во Скопје беше организиран инфо ден, на кој се обратија деканот проф. д-р Златко Петревски, претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и заменик генерален директор на Заедничкиот истражувачки центар, Матијас Оел. Opserver
Сите научни достигнувања, коишто очекуваме да бидат резултат од овој проект, треба да помогнат на развојот на индустријата, со тоа и на економијата“ рече премиерот Христијан Мицкоски.
Заедничкиот истражувачки центар е референтен центар за наука и технологија на ЕУ, кој обезбедува независна научна и техничка поддршка за креирање и спроведување на политиките на Унијата. Meta