Премиерот Христијан Мицкоски денеска во однос на случувањата меѓу Иран и Израел истакна дека владата будно ја следни безбедносната состојба.„Има кризен штаб во МНР, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав“, изјави Мицкоски.Вчера, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелираа до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Vecer
Владата будно ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток, активиран е кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата помеѓу Иран и Израел. 24info