Денеска, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот Горан Герасимовски и тим од општинската администрација се сретнаа со жителите на Центар на плочникот кај Зелен пазар.
Од петок во 18:00 часот до понеделник во 06:00 часот наутро, скопското Дебар Маало ќе биде затворено за сообраќај, како дел од новото сообраќајно решение на Општина Центар кое има за цел да стави крај на хаосот со паркирањето и метежот за време на викендите, пишува СДК.МК Според информациите, во првата фаза ќе се постават рампи на четири влезни точки: улиците Орце Николов, Ленинова, 29 Ноември и булеварот Климент Охридски.