Со тактичко-показна вежба за каскаден дотур на вода и гасење пожар на непристапни места денеска на Пониква заврши тридневната обука за професионалните и доброволните пожарникари од Кочани и соседните општини во регионот, а на која учествуваа и претставници од ЈП Национални шуми, од Црвен Крст, како и екипи од Општата болница со проширена дејност и од Одделението за внатрешни работи од Кочани. Kanal5
Со тактичко-показна вежба за каскаден дотур на вода и гасење пожар на непристапни места денеска на Пониква заврши тридневната обука за професионалните и доброволните пожарникари од Кочани и соседните општини во регионот, а на која учествуваа и претставници од ЈП Национални шуми, од Црвен Крст, како и екипи од Општата болница со проширена дејност и од Одделението за внатрешни работи од Кочани.
Низ практичниот дел од вежбата што го организираше Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола, а со поддршка од Општина Кочани, поминаа педесетина пожарникари и вработени во институциите кои ги усовршуваа знаењата и вештините за интервенции при шумски и пожари на отворен простор. Kanal5
Целта на обуката во изминатите три дена беше дополнителнио да ги оспособиме доброволните пожарникари за нивно вклучување во интервенции при гасење шумски пожари со метод кој е многу брз, едноставен и ефикасен.
Задоволни сме од подоготвеноста што ја прикажаа на завршната показна вежба, особено што за краток период стекнаа вештини на вистински професионалци, а го увежбаа користењето на опремата за дотур на вода од непристапни места за директно гаснење и опслужување хеликоптер за интервенции од воздух, истакна Костадин Поповски од Центарот за обука „Пегаз еду“. Kanal5
Задоволни сме од подоготвеноста што ја прикажаа на завршната показна вежба, особено што за краток период стекнаа вештини на вистински професионалци, а го увежбаа користењето на опремата за дотур на вода од непристапни места за директно гаснење и опслужување хеликоптер за интервенции од воздух, истакна Костадин Поповски од Центарот за обука „Пегаз еду“.
▷ На завршната тактичко-показна вежба присуствуваа и претставници од Владата и од државните институции, кои позитивно ја оценија подготвеноста на пожарникарите. Kanal5