На вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Идеја што не запира, вредности што носат промени“, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека државата се заснова на традиционалните вредности на семејството, на традицијата како клучни столбови во една земја како Република Македонија, а воедно потенцираше дека Владата ќе продолжи со проектите кои носат подобрување на животниот стандард на граѓаните и го придвижуваат економскиот развој во нагорна линија.
Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека државата е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.
ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда.