Printscreen / Youtube / Влада Владата денеска на предлог на Министерството за финансии го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година.
Со Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, што го усвои денеска Владата, инфлацијата, која што на почетокот на годинава регистрираше нагорен тренд, се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти.
Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.
Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година.