И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица.
Со тоа, Кабинетот на премиерот, Владата и Општина Охрид го прекршиле и Законот за постапување по претставки и предлози, алармира Фронт 21/42. „Долгата листа на прекршувања на Законот за градење, Законот за општа управна постапка, Законот за животна средина, Законот за управување со светското наследство, Законот за инспекциски надзор, Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори, Бернската и Конвенцијата на УНЕСКО, а со тоа и на Уставот, деновиве се прошири и со прекршување на Законот за постапување по претставки и предлози, од страна на Кабинетот на премиерот, Владата и градоначалникот на Општина Охрид.