На покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, што се одржа во Таормина, Италија. Kurir
Муцунски ја потенцираше и важноста од поголема предвидливост и динамика во интеграцијата на Северна Македонија и земјите од регионот во ЕУ, укажувајќи на потребата од уште поголема одлучност и единство на европско ниво во актуелниот геополитички контекст.
Во рамки на дводневната конференција беше усвоена и заедничка декларација со која се потврдува стратешката важност на проширувањето на Унијата како инструмент за стабилност, раст и соработка на континентот и во неговото соседство. Press24