Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
73.81
26.26
0.42/1.65
6.00
3.98
0.66
472.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
6 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 156.4
Best clustering variants
6 0.99/0.01 2 156.4
Kurir

И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Северна Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка, додавајќи дека е видливо дека земјава има остварено голем напредок на патот до ЕУ. Таа во своето обраќање на заедничката прес-конференција истакна дека причината за нејзината посета е престојното претседавање со ЕУ, кое го презема Данска и оти со Муртезани разговарале за актуелните политички прашања.

Данската министерка истакна дека со оглед на актуелните геополитички случувања, руската агресија врз Украина, но и, како што посочи, новите ветришта, кои дуваат од САД, Европа треба да биде силен геополитички актер, а за да се одбрани себе си во овие новонастаните околности, клучен е процесот на проширување. Kurir

16:45 h 18-Jun-2025
  • Проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Советот на Европската Унија кое стартува од 1 јули, вели министерката Мари Бјере кој престојува во Скопје.
  • ◉ Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
12:40 h
  • Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.
  • Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го
Puls24

Проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседателство со Европската Унија, кое започнува на 1 јули, бидејќи актуелните геополитички случувања го прават овој процес уште поитен, и ние ќе направиме сè што е можно за да ја поттикнеме европската интеграција на земјата, но овој пат мора да се следи заедно, за да се види дали може да се постигне напредок и во кои области може да се реализира, изјави данската министерка за европски прашања Мари Бјер, која денес е во официјална посета на Скопје.

На заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на прашањето што конкретно ќе направи Данска, како иден лидер на ЕУ, во врска со интеграцијата на Македонија во ЕУ, со оглед на спорот со Бугарија, но и иницијативата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за средба на високи претставници на РМВ и Бугарија на маргините на Самитот во Хаг, која сè уште е неизвесна, Бјер не даде конкретен одговор, но нагласи дека моментот за проширување е тука и дека земјата треба да го искористи.„Импулсот за проширување е апсолутно тука и ние веќе го докажуваме тоа, постигнат е напредок и за Украина и за Молдавија, а сега со Албанија отвораме две нови поглавја, едно сега, едно на есен, имаме и напредок со Црна Гора, што не се случило долго време.„Да бидам искрен, моментумот е тука и ве молам да го искористите. Puls24

Alsat

Бјере денеска на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани на прашањето што конкретно би сторила Данска, како иден претседавач на Унијата, во однос на ингегрирањето на Македонија во ЕУ, имајќи го предвид спорот со Бугарија, но и иницијативата од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за средба на македонски и бугарски високи претставници на маргините на Самитот во Хаг, која се уште не е извесна, не даде конкретен одговор, но посочи дека моментумот за проширување е тука и оти земјата треба да го зграпчи.-Моментумот за проширување апсолутно е тука и веќе сме негови сведоци, направен е прогрес и за Украина и за Молдавија, и сега со Албанија отвораме два нови кластера, еден сега, еден на есен, исто така имаме напредок и кај Црна Гора, кој не се случуваше долго време.

Искрено да кажем дека моментумот е тука и ве молам да го зграпчите. Alsat