Делегација на Собранието, предводена од пратеничката Благица Ласовска а во чиј состав е и пратеникот Садик Сулејмани, учествува на 65. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Целта на Генералното собрание е унапредување на регионалната соработка, особено во домените на транспортната инфраструктура, дигитализацијата, енергетската стабилност и инклузивноста. Kanal5
Делегација на Собранието, предводена од пратеничката Благица Ласовска а во чиј состав е и пратеникот Садик Сулејмани, учествува на 65. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Целта на Генералното собрание е унапредување на регионалната соработка, особено во домените на транспортната инфраструктура, дигитализацијата, енергетската стабилност и инклузивноста.
Генералното собрание се одржува на 17 и 18 јуни во главниот град на Азербејџан, Баку, а како специјален гостин, учестуваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој е и во официјална билатерална посета на Азербејџан. Kanal5
Седницата се одржа во Пленарната сала на Мили Меџлисот на Република Азербејџан.
Во рамки на дебатата „Засилување на поврзаноста и подобрување на мобилноста во регионот на ПАБСЕК преку паметна и одржлива транспортна инфраструктура“, Ласовска истакна дека поврзаноста не претставува само инфраструктура, туку мост меѓу народите, културите и вредностите. Kanal5
Ласовска подвлече дека парламентите треба да овозможат транспарентна законска рамка и поддршка за инвестиции во модерна инфраструктура, со што ќе се засили нивната улога како носители на просперитет.
Како што соопштија од Собранието, за својата работа и долгогодишен придонес во рамките на ПАБСЕК, пратеничката Благица Ласовска беше одликувана со Медал на чест на ПАБСЕК, доделен од страна на претседателката на Мили Меџлисот и претседател на ПАБСЕК, Сахиба Гафарова. Kanal5
Генералното собрание се одржува на 17 и 18 јуни во главниот град на Азербејџан, Баку, а како специјален гостин, учестуваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој е и во официјална билатерална посета на Азербејџан.
Седницата се одржа во Пленарната сала на Мили Меџлисот на Република Азербејџан. Kanal5
Како што соопштија од Собранието, за својата работа и долгогодишен придонес во рамките на ПАБСЕК, пратеничката Благица Ласовска беше одликувана со Медал на чест на ПАБСЕК, доделен од страна на претседателката на Мили Меџлисот и претседател на ПАБСЕК, Сахиба Гафарова.
Гаши, кој е во својство на специјален гостин, истакна дека ПАБСЕК е клучна платформа за дијалог и градење на мостови на пријателство. Kanal5
На маргините на Генералното собрание, делегацијата оствари контакти со претставници на други парламенти, со цел унапредување на меѓусебната соработка.
Во текот на Собранието, претседателството со ПАБСЕК беше предадено од Азербејџан на Бугарија, која ќе го преземе претседавањето од 1 јули 2025 година, се вели во соопштението на Собранието. Kanal5
Од Собранието информираат дека во рамките на работната агенда беа усвоени неколку значајни извештаи и препораки од постојаните комитети, меѓу кои: „Кон позелена иднина: соработка за технолошки решенија во Црноморскиот регион“; „Меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал во регионот на ПАБСЕК“ и „Современи стратегии за образование и вработување на лицата со попреченост“.
На маргините на Генералното собрание, делегацијата оствари контакти со претставници на други парламенти, со цел унапредување на меѓусебната соработка. Kanal5