Поранешниот премиер Зоран Заев му честиташе на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за седмата годишнина од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција.„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, се повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји, Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивен белег на Балканот, во Европа и во светот, дека дури и најтешките прашања меѓу земјите можат да се решат преку дипломатија“, напиша Заев во пораката.
На денешен датум, 17 јуни, во 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји.
На денешен ден, 17 јуни, пред точно седум години, во селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро, од грчката страна, беше потпишан Договорот од Преспа – историски чин што означи крај на деценискиот спор за името меѓу Скопје и Атина.
ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица.