Вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР. Skopjeinfo
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“, Б.Ј.(73) од с.Марино, скопско и возачот и двајца полициските службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. Mk