Како што објави Tетовасот, веќе е договорена и поделбата по општини, односно кој политички субјект ќе ги води трките во одредени региони: ДУИ ќе има кандидати во: Тетово, Чаир, Кичево, Боговиње, Бервеница, Желино, Студеничани, Липковo, Долнени и Чашка (вкупно 10 општини). Алијанса за Албанците – Села ќе настапи во: Струга, Дебар и Арачиново (3 општини). Алијанса за Албанците – Таравари ќе ги покрие: Гостивар, Врапчиште, Сарај и Теарце (4 општини). Оваа распределба, според партиските извори, е направена врз основа на резултатите од последните изборни циклуси и проценките за најдобри шанси за победа на терен. Plusinfo