Постои ретка и важна можност за проширување на Европската унија што не смее да се пропушти – оваа порака денеска од Скопје ја упати данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, само две недели пред Данска да го преземе претседавањето со Советот на ЕУ. Таа најави дека токму проширувањето ќе биде еден од клучните приоритети на данското претседателство, особено во контекст на зголемените геополитички ризици и руската агресија.
НасловнаСветБјер: Данска ќе се фокусира на проширувањето на ЕУ, моментумот е постигнат, Македонија треба да ја искористи оваа можност You cannot print contents of this website.
Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита.
Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.