По насилниот инцидент на денешната седница на Советот на Општина Кочани, кој стана вирален на социјалните мрежи, со свое јавно обраќање се огласи советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР). Тој негира дека е главниот виновник за нарушувањето на угледот на институцијата и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за провокации и омаловажувања.
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството што се случи на седницата на Советот на општина Кочани.
Тежок инцидент се случи денеска во Кочани откако Аки Акиов, советник поддржувач на СДСМ, кој гласаше за в.д. Венко Крстевски, нападна советник за време на денешната седница на советот на Општина Кочани.