Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во Кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Press24
Во координација со Министерството за образование и наука (МОН), предвидени се и посети на учениците повредени во пожарот кои сѐ уште се во средно образование, со цел да се најде соодветно решение за нивното редовно школување.
Инаку портпаролката на Владата, Марија Митева истакна дека Владата активно вложува во здравствената инфраструктура во Кочани, со цел создавање на подобри услови за лекување и рехабилитација на пациентите. Plusinfo
Педесет и осум лица повредени во трагичниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе носат компресивна облека и покажуваат видливи позитивни промени на лузните, информираше денеска директорката на Општата болница во Кочани, д-р Катерина Папиќ-Мирчовска. Plusinfo