По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.
По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија не само што не се доближи до ЕУ, туку се оддалечи од секоја стратешка насока.
Македонија се соочува со економска криза каква што не е видена со децении.
Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ.