Фото: Икс профил на Андреј Пленковиќ Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.
Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук. Republika
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ информираше дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и јавно даде поддршка за нашата држава на патот кон членство во ЕУ. -Со премиерот Христијан Мицкоски разговарав за понатамошната динамика на европскиот пат на Македонија, за претстојниот Извештај на Европскиот парламент за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа. Denesen
Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ“, напиша Пленковиќ на социјалната мрежа.
Овој став доаѓа во пресрет на новиот извештај на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, каде што ќе се оценува напредокот на секоја држава на патот кон Европската Унија. Plusinfo