Членките на НАТО се согласија да издвојат 5 проценти од БДП за одбрана, а инвестицискиот план претставува квантен скок кој е амбициозен, историски и клучен за обезбедување на нашата иднина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
На прес конференција пред почетокот на НАТО Самитот во Хаг, генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, оцени дека НАТО се соочува со еден од најпредизвикувачките безбедносни моменти досега, а прашањето дали нестабилноста може да се прелее и на Западен Балкан го нарече „многу добро прашање“.„Секако дека НАТО е присутен на Западен Балкан – пет од осум држави се членки: Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Словенија и Хрватска.