По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.
„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.
Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ.
По една година владеење на сегашната власт, Македонија се наоѓа во ќор-сокак, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче.