Во Скопје се одржа првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, кој ги обедини општините од земјава и нивните партнери од земјите-членки на Европската Унија со цел размена на добри практики, презентација на иновативни решенија и поттикнување нови соработки за одржлив развој на локално ниво.
Настанот официјално го отворија министерот за локална самоуправа, Златко Перински и програмскиот менаџер во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Енцо Дамиани, кои во своите обраќања упатија силна порака за значењето на локалната самоуправа во процесот на приближување кон Европската Унија. Kanal5
Во Скопје се одржа првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, кој ги обедини општините од земјава и нивните партнери од земјите-членки на Европската Унија со цел размена на добри практики, презентација на иновативни решенија и поттикнување нови соработки за одржлив развој на локално ниво. Kanal5
Тој подвлече дека Програмата „ЕУ за општините“ обезбедила поддршка за речиси сите 81 општина во земјата, со конкретни резултати во многу области, меѓу кои и урбана мобилност, дигитализација, енергетска ефикасност и управување со отпад.
Со поддршка од ‘ЕУ за општините’ се воспостави и Организација за менаџмент на дестинации (ДМО) во Повардарскиот регион, која веќе остварува регионална и прекугранична соработка со општини од Грција и Германија. Kanal5
Преку формирањето на Ресурсен центар дополнително ќе биде дадена поддршка за развој на локалните самоуправи.
Фокусот е ставен на три компоненти, на поддршка за проектен менаџмент, зајакнување на административните капацитети на општините и забрзување на дигиталната трансформација. Kanal5