Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот по англиски на директорот на АНБ Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски од скопското обвинителство го штитеше Бојан Христовски за да се заташка скандалот, побара и обвини денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на Северна Македонија, Бојан Христовски, двапати полагал испит по англиски јазик TOEFL, а кодот на тест-центарот каде што го полагал испитот не се совпаѓал со оној на јазичното студиото „Јулија“ во Пловдив, како што тврди самиот, покажува истрагата на БИРН, објави бигарски Фактор.