Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, појаснуваат од Министерството, нуди структурна поддршка за подобрување на заштитата на човековите права, борбата против дискриминацијата и инклузијата на ранливите категории.
Пристапувањето во Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ е значаен чекор во усогласувањето со ЕУ-стандардите и интеграцијата на нашата земја во Унијата – таа директно придонесува кон исполнување на условите во Поглавјата 23 и 24. При тоа, ова не е само процес на усвојување на законски решенија, туку пред сѐ трансформација на општествените вредности и создавање на поинклузивно, праведно и демократско општество, се вели во соопштението од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Denesen
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани отпатува во Брисел по повод потпишување на Меѓународната спогодба за учество на Македонија во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (Citizens, Equality, Right and Values – CERV), соопштија од Министерството.
Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, појаснуваат од Министерството, нуди структурна поддршка за подобрување на заштитата на човековите права, борбата против дискриминацијата и инклузијата на ранливите категории. Alfa
Покрај тоа, преку оваа програма се овозможува и институционална надградба.
Владата и единиците за локална самоуправа добиваат поддршка за унапредување на своите капацитети во заштитата на основните права. 365