Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
21.42
15.87
0.91/0.83
5.00
2.13
0.43
492.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 404.3
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 404.3
Tocka

Всушност, се работи за неправо кое се заснова врз противењето на оштетениот неговата изјава да биде регистрирана, односно пренесена на трето лице, како и врз посебната намера на сторителот за злоупотреба на изјавата или за нејзино пренесување врз трети лица“, велат од Обвинителството.

Испитувајќи ги наводите во пријавата, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе дејствија, при што целосно го испита и потврди неформалното својство и работните задачи на подносителката во администрацијата на главниот град, како лице задолжено меѓу другото да остварува комуникација со медиуми во однос на активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните служби коишто се во надлежност на Град Скопје, иако таа тврдела дека во критичниот момент била вработена на проект во ЈУ „Универзална сала“- Скопје. Tocka

Tocka

Донесеното решение е правосилно и потврдено од Вишото јавно обвинителство Скопје.

Воедно, имајќи предвид дека при секојдневното новинарско постапување, едно од клучните прашања кое создава дилема при остварувањето на нивната основна задача е токму прашањето за тоа што претставува јавниот интерес, бидејќи законските одредби не го дефинираат ова прашање, па новинарите како медиумски професионалци се ставени во ситуација да ја одредат рамнотежата, односно пропорционалноста помеѓу правото на приватност од една страна и правото на медиумите да објавуваат информации од јавен интерес од друга страна, Основното јавно обвинителство Скопје донесеното решение ќе го достави до новинарските здруженија и до невладините организации кои се занимаваат со прашањето на слобода на изразување во насока на поддршка на домашната правна пракса. Tocka

Tocka

Имено, согласно домашното и меѓународното законодавство, новинарскиот упад во приватноста е оправдан само ако постои доволна причина за тоа, односно ако упадот е оправдан со обемот на потенцијалната штета која може да произлезе од него, ако постои добра причина за мотивот, односно упадот да биде оправдан во поглед на јавниот интерес и јавното добро кое ќе следи по објавувањето на информацијата, доколку користените методи се во согласност со сериозноста на приказната и нејзиниот јавен интерес, но и доколку упадот нуди разумни изгледи за успех.

Тајното снимање, под коешто се подразбира и снимањето без дозвола на телефонски разговори за можно емитување, како метод на крајна нужда во новинарското истражување, неспорно претставува упад во правото на приватност, но може да се користи кога тоа е оправдано со јасен јавен интерес. Tocka