„Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците“, потенцираше тој.
Фокусот на дискусијата беше ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство во одбраната, како и на развојот на дигитални иновации за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата. Mk
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Kurir