Исто така, е завршена е постапката за вработување четворица специјализанти, а наскоро ќе се објави и нов оглас за тројца лекари, за кои веќе се добиени согласности.
Во претстојниот период ќе бидат воведени три медицински процедури и ќе се отвораат нови кабинети за хемодијализа и ултразвучна цистографија на одделот за нефрологија, обезбеден е и апарат за стрес-тест на одделот за кардиологија. Tocka
Министерство за здравство Денес заедно со премиерот Мицкоски ја посетивме Клиниката за детски болести по повод завршување на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти.
За да биде здравството поблиску до граѓаните има три столба коишто директорот денес ни ги претстави – инфраструктура, добри технологии во работата и добро обучени доктори. Kurir