Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал во своите намери да го подели Западот, посочувајќи дека сите членки на Алијансата се обврзале да ги зголемат инвестициите во одбраната за пет проценти од БДП, како и дека Шведска и Финска неодамна се приклучија на НАТО.
Фејсбук профил на Гордана Сиљановска - Давкова Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Средба меѓу Сиљановска и Жељазков во Хаг нема да се случи – вели Муцунски 360степени | 24 јуни, 2025 16:55.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.