Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
10
87.49
33.32
0.80/1.81
10.00
5.96
0.60
1214.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 10
15 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 226.8
Best clustering variants
15 0.99/0.01 2 226.8
Sitel

На забелешките на Филипче во поставеното прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ кога била во опозиција одбивала да учествува во работните групи за т.н. француски предлог и што всушност претставува проблем да се внесат трите етнички заедници во Уставот, меѓу кои и Бугарите и да се оди чекор по чекор, Мицкоски нагласи дека неговата партија во 2022 година не одбивала состаноци за предлогот, туку напротив молела и нудела соработка, но не и било овозможено.

Три пати повторивте чист македонски јазик, чист македонски идентитет, а велите никој нема право да преговара за тоа, па зошто сте преговарале, зошто сте преговарале за идентетот и јазикот, ако никој нема право да преговара...зошто за мене сте преговарале, а не сте ме прашале, зошто сте преговарале за мнозинството граѓани во Македонија, а при тоа знаете дека немате услови да го испорачате тоа што сте го договарале...и тогаш бевме на лидерска средба и ви реков нема да помине и предложив две измени за да застанеме сите позади тоа, но бев одбиен, рече Мицкоски. Sitel

15:45 h 26-Jun-2025
  • Кога ќе најдете подобра преговарачка позиција за да се продолжи европскиот пат го запраша премиерот Мицкоски, претседателот на СДСМ Венко Филипче.
  • ◉ Филипче: Кога ќе продолжат ЕУ интеграциите? Мицкоски: Ќе сториме се да станеме членка, но не како „модерни“ Македонци
12:08 h
  • Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја внесе Македонија во ЕУ со македонски идентитет и јазик, а не како „модерни“ Македонци.
  • ЌЕ НАПРАВИМЕ СЀ ЗА ДА ГИ ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ, НО НЕ КАКО „МОДЕРНИ“ МАКЕДОНЦИ Мицкоски го праша Филипче зошто преговарале за нешто што не можеле да го испорачаат - plusinfo.mk
12:03 h
  • Ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква промена на нашата преговарачката позица или постои можност целиот владин мандат да помине во барањето на подобрата позиција.
  • Мицкоски: Ќе сториме сѐ што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци
Alsat

Мицкоски во својот одговор се осврна на повеќе аспекти на евроинтегративниот процес, а во однос на последните случувања во Европскиот парламент, околу извештајот на Томас Вајц, напомена дека во ЕП изминатите години не е донесен извештај, бидејќи како што, рече воопшто не станувало збор за македонски јазик и македонски идентитет, туку за „северномакедонски јазик и идентитет“.-Тоа е сосема различно од сегашната состоба.

Сега на три места има македонски јазик и македонски идентитет, предложен како амандман на европратеници, извештајот го помина првиот филтер во ЕП, во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ). Тука бугарските претставници преку еден европратеник, кој излезе во името на неколку групи, вклучително и нашата ЕНП, вашата ПЕС, либералите Ренју и зелени и рече да го модифицираме македонскиот идентитет и македонскиот јазик со зборчето „модерен“. Alsat