Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани.-Во дискотеката „Пулс“ се спроведувани контроли од страна на УЈП и се применети мерките согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Puls24
Добивај вести на Viber Родителите на починатите деца од пожарот во дискотеката „Пулс“ на денешниот „Марш на Ангелите“ во Кочани рекоа дека не и веруваат на директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, по вчерашната изјава.
Таа вчера изјави дека сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма.- Тоа диско немало ниту еден вработен, ни роба нема како набавувала, со блокарана сметка од август. Faktor