Обвинителите ги разгледуваат предлозите, ги проверуваат условите за посебна истражна мерка и кога се исполнети критериумите, ги одобруваат, а Судот, независно и професионално, ги оценува доставените барања и ги проследува до МВР и Јавното обвинителство.“, образложи министерот Тошковски.
Министерот Тошковски ги објасни придобивките од овој процес кои се зголемување на брзината и ефикасноста на самиот процес, безбедноста на комуникацијата, намалување на можноста од човечка грешка а зголемување на транспарентноста и отчетноста на секоја фаза. Makfax
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот „Поддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации“ на кој беше означен старот на дигитализација и унапредување на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката агенција, соопшти МВР. Kanal5
Појасни дека овој систем прво ќе биде имплементиран за подрачјето на Скопје, а во следна фаза во целата држава.
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев во своето обраќање нагласил дека воведувањето на овој систем ќе го редефинира начинот на кој се доставуваат и разменуваат строго доверливи судски наредби – со фокус на посебните истражни мерки, согласно член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка. Republika
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот „Поддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации“ на кој се означи старт на дигитализација и унапредување на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката агенција.
Министерот Тошковски истакна дека дигитализацијата на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки по член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка на Република Македонија е срж на ефикасното функционирање на институциите при заштита на безбедноста и владеењето на законите преку дигитализација на чекорите. Alfa
Почнува дигитализацијата и унапредувањето на процесот за издавање на судските наредби за примена на посебните истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката агенција (ОТА). Посебните истражни мерки предвидуваат прислушување и следење на осомничени лица во определен временски период. Vecer