Собранието денеска даде поддршка на предлог законот за вработените во јавниот сектор, предлог на законот за административни службеници и на предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање и ги проследи во натамошна собраниска процедура. Lokalno
„Овие закони во минатиот период долго беа во европските извештаи и се надевам дека конечно дојдовме до крајот и дека пратениците ќе ги изгласаат“ – рече Минчев.
Според него, со предлог законот за вработените во јавниот сектор се поставуават темелите за професионализација на јавниот сектор. Tocka
„Борбата против партизацијата е еден од главните фундаменти.
Со јасни ограничувања на дискрециските овластувања и со строги правила, го прекинуваме просторот за партиски и за неформални вработувања во јавниот сектор. Zoom
Ќе се вработува врз основа на заслуги, а не на познанства – истакна Минчев.
Тој најави централизација и дигитализација на огласите и посочи дека секој оглас за вработување ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата за администрација. Plusinfo
Пратениците го изгласаа и Законот за инспекциски надзор, со кој се укинува Инспекцискиот совет, а се формира колегиум на директори на државни инспекторати како меѓуресорско координативно работно тело.
Изгласани се и изменување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети и во кривична и прекршочна постапка. Puls24
Го завршија општиот претрес за предложените измени на Законот за воздухопловство, по скратена постапка,но за нив ќе се гласа дополнитено.
По гласањето на измените на Законот за енергетика, претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина 55. седница. Brif