Дипломатијата не е само надворешна политика-таа е карактерот на државата во очите на светот.
„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „360 степени“.
Facebook / Timco Mucunski По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера и денес сум во Хаг како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод самитот на НАТО, сподели утрово министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.