Во наредниот период ќе се одржи нова средба со цел заедничко усогласување на текстот на Спогодбата со која ќе се постигне договор за изградба на заедничкиот тунел што треба да ги поврзе Македонија и Бугарија, со цел да се унапреди работата за имплементација на Железничкиот Коридор 8. Ова беше договорено на денешната средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, која се одржа во рамките на форумот „Глобална транспортна поврзаност“ што се одржува во Истанбул.
МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ ЕКСПЕРТИ ВО БРИСЕЛ ЌЕ РАСПРАВААТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски и Караџов на посебна средба ќе го усогласат договорот Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното Море. фото: Министерство за транспорт Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.
Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот 8. Претходно, Бугарија инсистираше ние први да го започнеме и завршиме нашиот дел од тунелот во планина на самата гранична линија, без никакви гаранции дека работата од нивна страна ќе биде завршена, што претставуваше сериозна дискрепанца во ставовите.