Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
0.00
6.66
0.77/0.00
4.00
0.88
0.22
296.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
3 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 20.8
Best clustering variants
3 0.99/0.01 2 20.8
Puls24

Тој додаде дека денешниот самит е посветен на заедничката визија во која Западен Балкан повеќе не е чекалница, туку регион што се развива.„Ова визија нѐ води како Влада кон реформи и соработка, презедовме значајни чекори напред, од забрзување на протокот на граничните премини, приклучување на платежниот систем СЕПА… посветени сме на усогласување со европските стандарди, напори што се израз на нашата подготвеност за подлабока интеграција“, посочи Мицкоси.

Додаде дека заедничката сила лежи во единството и стабилноста:„Преку блиските врски со нашите соседи и ЕУ, ние отклучуваме нови пазари, нови работни места и нови пријателства, ги отстрануваме бариерите во трговијата и ги подобруваме инвестициите.“Премиерот истакна дека „нашиот брз пристап кон Планот за раст на ЕУ ја рефлектира довербата што ни е дадена.“Посочи дека кредибилитетот на Планот за раст и на поширокиот европски проект почива на одржување на ветувањето и на давањето резултати.„За да се осигурат стабилноста и еднаквоста треба да соработуваме како партнери, соседи и како регион во целина“, истакна Мицкоски повикувајќи на заедничка работа кон претворањето на Планот за раст во реалност.„Заедно може да изградиме посилен и подобро поврзан регион што е просперитетен, инклузивен и горд европски“, порача тој. Puls24