Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека економската активност во Македонија добива на динамика и забрзува, и дека таквиот тренд ќе продолжи.„Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година“, рече Димитриеска Кочоска. Puls24