Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-конференција Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.
Овој ребаланс, вели таа, ја разоткрива вистината, дека економијата тоне, граѓаните се оставени сами на себе, а власта продолжува да се луксузира додека ги задолжува идните генерации. Press24