Народот гледа дека оваа Влада се бори сето кое што го распродаде лесно и евтино претходната влада да го поврати, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека опозицијата „нема легитимитет ниту поддршка од народот“ да зборува за широк национален консензус за евроинтеграциите.
Лидерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот за раст на регионот, соопшти Европската комисија по повод денешната лидерска средба во македонскиот главен град.
Advertisement - Реплек денес свечено го промовираше својот нов фармацевтски производствен блок, со што значајно се модернизира и автоматизира производствениот процес.
„Нашата сила лежи во единството и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријателства, отстранување на бариерите во трговијата, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес на отворањето на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст.„Ние го предводиме патот во реформите, што значи подобро управување и почиста енергија, пофер правда и посилни бизниси.