И ова лето Македонија влегува неподготвена во сезоната на пожари, предупредуваат од партијата Левица, нагласувајќи дека „пензионираните пилоти повторно ќе ја спасуваат државата од огнената стихија“, бидејќи „во моментот е исправен само еден ер трактор за гаснење пожари“.Во нивната официјална објава, Левица остро ја критикува Владата предводена од ДПМНЕ и коалицијата ЗНАМ, наведувајќи дека и по една година власт, „условите за работа на противпожарните единици не се подобрени по ниту еден параметар“.„Нè очекува уште едно лето во кое безбедноста на граѓаните е оставена на последно место“, се вели во објавата.
Соопштение на Левица: Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија од летните пожари.